ФЛЕБАВЕН
За Флебавен
Справување со симптомите и спречување на прогресијата на болеста
Флебавен содржи микронизиран диосмин, добро етаблиран флавоноид кој ги зајакнува и штити вашите вени одвнатре. Обезбедува ефикасно ублажување на болките во нозете, чувството на тежина во нозете и оток на нозете. Важно е диосминот да е микронизиран, затоа што микронизацијата ја зголемува апсорпцијата и ефикасноста на производот.
Флебавен®е наменет за:
- третман на знаци и симптоми на хронична венска болест, чувство на тежина во нозете, уморни нозе, немирни нозе, ноќни грчеви, едем и трофични промени;
- третман на симптоми поврзани со акутна хемороидална болест.
Флебавен 1000 mg ефикасно ги намалува симптомите на хроничната венска болест.
Различен третман за различни индикации
Хронична венска болест
1000 mg – дневната доза е 1 таблета. Третманот треба да трае најмалку 4-5 недели.
500 mg – вообичаената дневна доза е 2 таблети земени како единечна доза или како 2 посебни дози. Третманот треба да трае најмалку 4-5 недели.
Акутен хемороидален синдром
1000 mg – во првите 4 дена од третманот, дневната доза е 3 таблети. Во текот на следните 3 дена, дневната доза е 2 таблети.
500 mg – вообичаената дневна доза во првите 4 дена од третманот е 6 таблети. Во текот на следните 3 дена, препорачаната дневна доза е 4 таблети.
80% од пациентите пријавиле чувство на блага тежина или воопшто не пријавиле чувство на тежина во нозете по употребата на Флебавен во текот на 12 недели.
„Секоја вечер, нозете ги чувствувам тешки, како штотуку да сум истрчала маратон.“
Ева, 39 години, адвокат
85% од пациентите пријавиле значително намалување на болката во нозете по употребата на Флебавен во текот на 12 недели.
„Чувствувам толку силна болка, што едвај чекам да ги одморам нозете по долг ден.“
Дијана, 45 години, фризер
Кај 84% од пациентите било забележано благо отекување или воопшто не било забележано отекување на нозете по употребата на лекот Флебавен во текот на 12 недели.
„На крајот на денот чувствувам дека чевлите ме стегаат затоа што нозете многу ми отекуваат.“
Вероника, 67 години, пензионер
Krevel B, Barbič-Žagar B, Uranič N. Efficacy and Safety of One Dose of Flebaven® (diosmin) 1000 mg per Day in Patients with Chronic Venous Disease. Med Razgl 2020; 59 (1): 107–18.
Принцип на дејство
Флебавен делува врз клучните делови на циркулаторниот систем.
- Го зголемува венскиот тонус
- Ја намалува капиларната пропустливост – едем
- Ја зголемува отпорноста на капиларите
- Ја намалува вискозноста на крвта – подобра перфузија
- Го подобрува протокот на лимфниот систем
- Ја заштитува микроциркулацијата од воспалителни процеси – ја намалува активацијата и адхезијата на леукоцитите. Значително ги намалува симптомите на хронична венска болест како што се болки во нозете и чувство на тежина во нозете
Флебавен ги зајакнува и штити вените одвнатре. Обезбедува ефикасно ублажување на болките во нозете, чувството на тежина во нозете и оток на нозете. Важно е диосминот да е микронизиран, затоа што микронизацијата ја зголемува апсорпцијата и ефикасноста на производот.
Употреба
Хронична венска болест
болки во нозете, чувство на тежина во нозете, уморни нозе, немирни нозе, ноќни грчеви, едем и трофични промени
Флебавен 500 mg
2 таблети земени како единечна доза еднаш дневно
2 таблети дневно земени во 2 посебни дози
(најмалку 4-5 недели)
Флебавен 1000 mg
1 таблета дневно
(најмалку 4-5 недели)
Акутен хемороидален синдром
Флебавен 500 mg
првите 4 дена, 6 таблети дневно, следните 3 дена, 4 таблети дневно
Флебавен 1000 mg
првите 4 дена, 3 таблети дневно, следните 3 дена, 2 таблети дневно