ХРОНИЧНА ВЕНСКА БОЛЕСТ

Третман


Третман на хроничната венска болест

Третманот на хроничната венска болест може да се состои од неколку различни стратегии.  Доколку симптомите не се проблематични, фокусот треба да се насочи кон трите основни стратегии: вежбање, подигнување, и еластична компресија. Во сите фази на хроничната венска болест пациентите можат да земаат веноактивни лекови со диосмин.

Вежбање

Вежбање

Со вежбањето го стимулирате движењето на крвта низ нозете и создавањето на мускули кои можат да обезбедат подобра циркулација.

Подигнување на нозете

Подигнување на нозете Со подигнувањето на нозете, можете веднаш да ја ублажите болката. Подигнете ги нозете над срцето три или четири пати на ден по 15-тина минути. Тоа може да помогне во намалувањето на отокот. Доколку е неопходно да стоите или да седите подолго време, свиткајте ги нозете неколку пати за да ја поттикнете циркулацијата на крвта.

Еластична компресија

Еластична компресија

Еластичните компресивни чорапи ја зголемуваат затегнатоста од прстите до листовите на ногата. Тие ги стискаат вените на нозете и вршат дополнителен притисок што помага да се спречи крвта да тече наназад. Компресивните чорапи се достапни со различни јачини на компресија, големини и должини. Вашиот лекар треба да ви препише ниво на компресија кое што соодветно ќе го стега вашиот глужд за да помогне при циркулацијата на крвта.

Флебавен

Веноактивни лекови Веноактивни лекови вклучуваат биофлавоноиди, кои се земаат перорално. Овие лекови се составен дел од третманот на симптоматската хронична венска болест, особено во раните фази. Тие ја промовираат венската еластичност, ги ублажуваат воспалителните процеси во венските залистоци и ѕидови и ја намалуваат капиларната пропустливост. Биофлавоноидите ја поддржуваат микроциркулацијата и го намалуваат ризикот од појава на едем. Флебавен е биофлавоноид, погоден за пациенти во која било фаза на хронична венска болест, дури и за лекување на венски улкуси. Освен биофлавоноидите, други достапни опции за третман на хроничната венска болест вклучуваат гелови за локална употреба кои содржат хепарин и разни хербални и синтетички лекови.

Хроничната венска болест може да се третира и со други методи.

Операција
Склеротерапија

Овој метод на лекување е генерално резервиран за напредната венска инсуфициенција. Се користи и за уништување на вени со мала до средна големина. Во оштетената вена се вбризгува хемикалија за да не може повеќе да носи крв. Крвта ќе се врати во срцето преку други вени, а оштетената вена на крајот ќе се апсорбира од страна на телото.

Ендовенозна ласерска аблација

Станува збор за минимално инвазивна техника со ултразвук што се користи за ласерски третман на проширени вени.

Радиофреквентна аблација

Станува збор за минимално инвазивна процедура која се користи како алтернатива на традиционалната операција. Радиофреквентната аблација се користи во третманот на проширени вени. Со помош на ултразвук, се вметнува радиофреквентен катетер во абнормалната вена и крвниот сад, кои потоа се третираат со радиоенергија, што резултира со затворање на зафатената вена.

Операција

Хируршка процедура за отстранување на проширени вени. Помалку инвазивните процедури во голема мера го заменија овој традиционален пристап на лекување.