СОВЕТИ
9 вежби за здрави вени и лесен чекор
Едноставни вежби за здрави вени и лесен чекор
Освен генетиката, хроничната венска болест може да биде предизвикана и од нездрав начин на живот и недостаток на физичка активност.
Преземете акција сега, додека ги доживувате првите симптоми
Хроничната венска болест не е само естетски проблем, туку и прогресивна болест која треба да се лекува што е можно поскоро за да се спречи нејзиното влошување. Прогресијата на хроничната венска болест може да се забави ако вашите симптоми сè уште не се видливи на површината на кожата.
Се препорачува лесна активност ако веќе ги чувствувате симптомите на тешки и отечени нозе и ако сте меѓу оние што подлежат на поголем ризик од појава на хронична венска болест.
Кој е најмногу изложен на ризик?
Неколку студии покажаа дека возраста и бременоста се меѓу главните фактори на ризик за проширени вени и хронична венска болест. Генетиката е примарна причина за хронична венска болест. Ако двајцата родители имаат хронична венска болест, кај нивните деца постои 90% шанса да ја развијат оваа болест. Други фактори на ризик вклучуваат подолги периоди на стоење или седење, дебелина, неактивен животен стил и пушење.
Овие едноставни превентивни вежби се корисни за секого, без разлика на возраста и состојбата на вените. Важно е да започнете да ги правите вежбите во доволно рана фаза, за да се спречи прогресијата на симптомите на болеста.
10 минути за вежби коишто можете да ги правите дома
Ова се исклучително едноставни вежби кои можете да ги правите сами дома или во канцеларија. Не е потребна дополнителна опрема.
Кои се причините за редовното вежбање: Хроничната венска болест, изразена преку симптоми како што се чувство на тежина во нозете, болки во нозете и оток, е прогресивна болест. Таа се влошува како што старееме и доколку останеме неактивни.
Кои се главните придобивки: Овие вежби ги зајакнуваат мускулите на потколеницата и ја намалуваат болката и непријатното чувство во нозете предизвикани од отекувањето на нозете. Ја подобруваат циркулацијата на крвта и го спречуваат насобирањето на крвта во вените. Правејќи ги овие вежби, ќе им помогнете на вените на вашите потколеници да ја пумпаат крвта назад кон срцето.
Како да започнете: За овие вежби одвојте најмалку 10 минути секој ден. Започнете со само неколку повторувања на секоја вежба и постепено зголемувајте го нивниот број.
Вежба:
Држете ги нозете споени, подигнете се на прстите и потоа полека спуштајте ги петите наназад на подот. Повторете ја вежбата 20 пати.
Вежба:
Застанете со прстите на дебела книга и држејќи ги нозете споени, подигнете се на прстите. Полека спуштете ги петите наназад на подот. Повторете ја вежбата 20 пати.
Вежба:
Застанете на прстите и направете неколку чекори на прстите. Повторете ја вежбата по краток одмор.
Вежба:
Направете неколку чекори со петиците. Уште еднаш, повторете ја вежбата по краток одмор.
Вежба:
Застанете исправено со стапалата оддалечени приближно колку ширината на вашите колкови. Наизменично подигнете ја едната пета од земјата, држете ја накратко таму и потоа вратете ја ногата на подот. Повторете ја вежбата 10 пати со секоја нога.
Вежба:
Чекорете наоколу како штрк, секој пат кревајќи ги колената под агол од приближно 90°. Уште поефикасно е ако ја подигнете и петата на ногата на која балансирате, односно ако одите на прсти. Направете неколку чекори, потоа одморете се и повторете ја вежбата.
Вежба:
Додека лежите на грб, ставете ги рацете во близина на долниот дел на грбот за поддршка. Подигнете ги двете нозе во воздух и движете ги наизменично како да сечете со ножици. Направете ја истата вежба 10-15 пати за двете нозе.
Вежба:
Додека лежите на грб, ставете ги рацете во близина на долниот дел на грбот за поддршка. Движете ги нозете во воздух како да возите велосипед со кратки кружни движења во период од 30 секунди. Повторете ја оваа вежба толку често колку што ви е удобно.
Вежба:
Додека лежите на грб, ставете ги рацете во близина на долниот дел на грбот за поддршка. Со благо свиткано колено, подигнете ја и спуштете ја ногата. Повторете ја вежбата 10 пати со секоја нога.
Веноактивни лекови од природно потекло
8 од 10 возрасни лица ширум светот имаат хронична венска болест.
Ако припаѓате на група со поголем ризик или веќе ги доживувате првите симптоми на оваа болест, делувајте веднаш! Постојат повеќе начини за лекување на хроничната венска болест. Ако вашите симптоми не се сериозни, препорачуваме физички активности, кренати нозе и компресивни чорапи. Веноактивниот лек кој содржи диосмин е ефикасен во сите фази на хроничната венска болест.
Флебавен е веноактивен лек кој содржи микронизиран диосмин од природно потекло. Диосминот се добива од незрели, мали, сушени портокали (Rutaceae aurantieae) карактеристични за Шпанија, Северна Африка и Кина. Хесперидин се екстрахира од овие портокали, а диосминот се синтетизира од хесперидин. Потоа се прочистува и се микронизира до честички со помала големина. Микронизацијата овозможува подобра апсорпција, што има влијание врз ефикасноста на лекот.
Флебавен ја ублажува болката во нозете, го намалува чувството на тежина и оток во нозете. Го подобрува венскиот тонус и ја промовира микроциркулацијата во вените. Флебавен е достапен во форма на филм-обложени таблети од 500 mg и 1000 mg, кои може да се земаат еднаш дневно и се достапни по поприфатлива цена.