РЕЗУЛТАТ
Во моментов немате никакви знаци и симптоми на хронична венска болест, која се појавува кај 80% од возрасната популација. Преваленцата на хроничната венска болест се зголемува со возраста, затоа внимавајте да не ги занемарите првите симптоми, како што се чести болки во нозете, отекување на нозете и чувство на тешки и уморни нозе. Пушачите и луѓето што се помалку физички активни се изложени на поголем ризик од заболување од оваа болест. Важно е навреме да се препознаат првите симптоми на хроничната венска болест, за да може брзо да се дејствува и да се започне со лекување.
Прочитајте ги 10-те правила за здрави вени!
Болката во нозете, отекувањето на нозете и чувството на тешки или уморни нозе се некои од првите знаци и симптоми на хронична венска болест. Доколку често доживувате било кој од овие симптоми, постои голема можност да им припаѓате на 80% од возрасната популација што е погодена од оваа болест. Со текот на времето, може да почувствувате и трпнење, чувство на печење на нозете, грчеви во мускулите, чешање на кожата на нозете, немирни нозе, пајакови вени, проширени вени и други промени на кожата. Важно е да се започне со лекување на време. Ризикот од развој на хронична венска болест се зголемува со возраста. Почеста е кај жените, пушачите, луѓето што се помалку физички активни и кај луѓето кои поминуваат подолг временски период во седечка или стоечка положба. Ви препорачуваме да се консултирате со вашиот лекар и да започнете со третман што е можно поскоро за да ја спречите прогресијата на хроничната венска болест.
Прочитајте повеќе за третманот на хроничната венска болест!