ХРОНИЧНА ВЕНСКА БОЛЕСТ

Дали имате хронична венска болест?


Ме болат нозете

Ме болат нозете

Во светот, 8 од 10 возрасни лица страдаат од хронична венска болест, најчесто опишана со симптоми или знаци на уморни, тешки, отечени и болни нозе. Хроничната венска болест е позастапена кај жените, но често се појавува и кај мажите.

Проблемот започнува во внатрешноста  на вените и често е поврзан со слаба циркулација во долниот дел на нозете предизвикана од промени во венските залистоци и структурни промени во ѕидовите на вените.

Хроничната венска болест, која главно се манифестира со симптоми, е прогресивна болест. Ако не се лекува, таа може значително да му влијае на квалитетот на животот на поединецот. Силната болка и чувството на тежина во нозете може постепено да ја зголемат емоционалната непријатност и да ја намалат физичката функција и подвижноста.

Симптоми и знаци на хронична венска болест

Хроничната венска болест е честа болест која влијае на венскиот систем на долните екстремитети. Се дефинира како збир на симптоми и знаци.

Венски симптоми се:

  • трпнење,
  • болка,
  • чувство на печење,
  • мускулни грчеви,
  • оток,
  • чувство на тежина во нозете,
  • чешање на кожата,
  • немирни нозе,
  • замор во нозете и/или замор.

Типично, симптомите на венска хронична болест се намалуваат кога се одмарате или лежите со кренати стапала. Тие обично се влошуваат при изложување на топлина или високи температури, како и при подолги периоди на стоење или седење.

Венските знаци се видливи манифестации на хроничната венска болест:

  • проширени вени (пајакови вени/ретикуларни вени, проширени вени),
  • едем на нозете,
  • промени на кожата,
  • венски улкус.

Ризик фактори

Генетиката е примарна причина за проширени вени и развој на хронична венска болест. Ако двајцата родители имаат хронична венска болест, кај нивните деца постои 90% шанса да ја развијат оваа болест. Во неколку студии било забележано дека возраста и бременоста се меѓу најважните ризик фактори за развивање на хронична венска болест.

Релевантни фактори кои придонесуваат за развој на хронична венска болест:

  • генетика,
  • бременост,
  • згрутчувања на крвта,
  • дебелина,
  • физичка неактивност,
  • пушење,
  • долги периоди на стоење или седење,
  • женски пол,
  • постара возраст,
  • повреда (скршена коска) или голема операција на нозете или стапалата.

Преваленцата на хроничната венска болест се зголемува со возраста.

Здрави вени

Нормалниот проток на крв во долниот дел на нозете е критичен за одржување на здрава функција на вените.

Здравите залистоци функционираат паралелно со пумпите на мускулите на потколеницата за да овозможат враќање на венската крв во срцето. Доаѓа до ослабување на залистоците и на ѕидовите на вените, и притоа може да дојде до проширување на вените, што влијае на протокот на крв назад во срцето – венската крв може да почне да се насобира, предизвикувајќи воспаление на ѕидовите на вените и околните ткива. Вената потоа почнува да отекува (ако тоа се случи веднаш под површината на кожата, може да предизвика развој на проширени вени), ѕидовите на вените се шират, додека крвната плазма навлегува во околните ткива што предизвикува воспаление.

Здрави вени
Нормален залисток

Нормален залисток

Го одржува протокот на крв во една насока.

Деформиран залисток

Деформиран залисток

Предизвикува проток на крв во двете насоки, зголемувајќи го венскиот крвен притисок.